Во Сенатот на САД почнува судењето за импичмент на Доналд Трамп | Правдико

Правдико

   

Во Сенатот на САД почнува судењето за импичмент на Доналд Трамп

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На поранешниот претседател на Соединетите држави Доналд Трамп по втор пат ќе му се суди во Сенатот, кога денеска започнува таквата постапка против него во горниот дом на Конгресот. Судскиот процес се случува скоро еден месец откако Конгресот беше под опсада на неговите приврзаници, кои погрешно тврдеа дека претседателските избори во минатата година беа „украдени“ или „наместени“, откако Трамп загуби од демократот Џо Бајден. Демократите – и некои републиканци – сметаат дека пред нападот на 6 јануари врз Капитол Трамп „го поттикна“ тоа. После неговиот импичмент во Претставничкиот дом на 13 јануари, документот за импичмент му беше предаден на Сенатот на 25 јануари, со што се отвори патот судењето да започне две недели подоцна.

Трамп во јануари стана првиот претседател во историјата на САД на кој двапати му беше изречен импичмент. Менаџерите за импичмент, предводени од претставникот на Мериленд, Џејми Раскин, сметаат дека ќе треба неколку дена за да ги изнесат своите аргументи. Осуммината демократи во вторникот објавија краток извештај на 80 страници во кој се истакнува нивниот став, тврдејќи дека јавните активности на поранешниот претседател се „единствената одговорност за таа трагедија“ што се случи на 6 јануари.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико