Правдико

   

Во Северна Ирска легализирани абортусот и истополовите бракови

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правото на абортус и истополови бракови е легализирано денеска во Северна Ирска по одлуката на парламентот во Лондон каде се одлучува за оваа британска покраина, бидејќи извршната власт во Белфаст не заседава веќе речиси три години.

Северна Ирска беше единствениот дел на Обединетото Кралство каде што не беа дозволени истополови бракови, а за разлика од Англија, Шкотска и Велс, законите во тој регион исто така забрануваа абортус, освен во случаи каде е загрозен животот на мајката. Во остатокот од Обединетото Кралство, правото на абортус е легализирано во 1967 година.

Лишени од извршна власт од јануари 2017 година по избувнувањето на политичко-финансиски скандал, институциите на Северна Ирска се парализирани, што го искотистија пратениците во Вестминстер и во јули изгласаа амандмани кои го одобруваат абортусот и дозволуваат истополови бракови доколку до понеделник 21 октомври не се формира никаква локална самоуправа.

Со тоа, од полноќ промените стапија на сила во Белфаст.

Регулативите поврзани со истополовите партнерства ќе бидат завршени до 31 јануари, а првите граѓански истополови бракови би требало да започнат да се склопуваат најдоцна на 14 февруари 2020 година, односно на Денот на вљубените, рече Џулијан Смит, британски државен министер надлежан за Северна Ирска.

Досегашните закони во Севрна Ирска беа на сила благодарение на конзервативците од обете религиозни заедници – протестанската која се залага за останување во Велика Британија и католичката кој се залага за обединување со Република Ирска.

Лидерката на ултраконзервативната Демократска унионистичка партија (ДУП), Арлин Фостер рече дека денеска е тажен ден.

Пред парламентот се собраа околу триста демонстранти, поддржувачи на забраната за абортус, со цел да ја осудат, според нив, недемократската и погрешна одлука на Лондон, но од друга страна имаше и активисти кои го бранеа правото на избор со зборовите: „Сакаме право на избор и тоа веднаш“!

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико