Во Шпанија приведени 126 Албанци со фалсификувани документи | Правдико

Правдико

   

Во Шпанија приведени 126 Албанци со фалсификувани документи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

19082016075602_web_barcelona-el-prat-airportНационалната полиција на Шпанија, на аеродромот „Ел Прат“ привела 126 албански државјани, кои поседувале фалсификувани документи, а нивна цел била да заминат за Велика Британија.

Според шпанското Министерство за внатрешни работи, Албанците најпрво требало да патуваат со летот за Ирска, а потоа во Велика Британија, како нивна крајна дестинација

Кај нив пронајдени се и 200 фалсификувани, главно италијански и грчки, лични карти.

Според полицијата, под истрага се две криминални групи кои албански емигранти илегално пренесувале во Велика Британија. Тие со нивните оригинални албански документи патувале до Република Ирска, бидејќи и таа е во Шенген зоната, а потоа со фалсификуваните италијански и грчки документи влегувале во Британија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико