Во Шпанија уапсен шеф на криминална кибер група | Правдико

Правдико

   

Во Шпанија уапсен шеф на криминална кибер група

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанската полиција уапси едно лице под сомнение дека предводел група кибер криминалци чии мети биле напади врз банки, банкарски сметки и банкомати. Групата со своите активности предизвикала штета во износ од една милијарда евра, соопшти денеска Европол.

Во соопштението на Европол е наведено дека уапсениот е осомничен за напади со вирусите „Карбанак“ и „Кобалт“ и тој е уапсен во Аликанте, Шпанија.

– Апсењето уследи со помош на полициските сили ширум  светот, се посочува во соопштението на Европол.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико