Во Швајцарија уапсена Босанка осомничена за воени злосторства во БиХ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешната припадничката на Армија на Босна и Херцеговина, Елфета Весели, која е осомничена за воени злосторства, уапсена е во Швајцарија, потврди во четвртокот Обвинителството на БиХ.
Швајцарската полиција на барање на Обвинителството на БиХ ја уапсила сега 56-годишната Елфета Весели во областа на кантонот Нојшатл, и сега следува процесот на нејзино депортирање во Босна и Херцеговина, каде што ќе ѝ се суди.
Весели е осомничена меѓу другото дека во текот на летото 1992 година, кај местото Каменица во околината на Зворник во источна Босна, на извонредно свиреп начин убила момченце од српска националност. Жртвата била Слободан Стојановиќ, кој во тоа време имал само 12 година, а Весели го заклала со нож.
Во текот на истрагата за ова злосторство, Обвинителството на БиХ собрало информации дека осомничената Весели живее во Швајцарија, па потоа се покренати мерки за нејзино лоцирање и апсење.
Извор: Макфакс