Во Шведска украдени кралски скапоцености, разбојниците побегнале со глисер | Правдико

Правдико

   

Во Шведска украдени кралски скапоцености, разбојниците побегнале со глисер

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Шведска во тек е потера по крадци кои во понеделникот среде бел ден успеале да украдат скапоцен кралски накит, по што побегнале со глисер.

Двајцата разбојници скокнале во глисер во близина на катедралата Странгнас во југоисточниот дел на Шведска и побегнале со накит од 17 век. Укредени биле две круни од кралот Карл IX и кралицата Кристина и еден царски жезол, опковани со злато и скапоцени камења, чија вредност е непроценлива.

„Мојата пријателка забележа двајца луѓе во трк. Јас го здогледав глисерот, мал бел брод. Двајцата брзо скокнаа во него. Веднаш знаев дека се крадци, поради нивното однесување и фактот дека глисерот ги чекаше токму нив“, изјавил за медиумите очевидецот Том Росвел, кој ја повикал полицијата веднаш по инцидентот.

Полицијата почнала потрага по копно, море и воздух. Бродови, авиони, хеликоптери и автомобили тргнале во сите правци, но без резултат. Властите велат дека сé уште не знаат каде побегнале крадците.

„Во моментов е 1:0 е за нив“, рече портпаролот на полицијата, Томас Агневик, кој додаде дека интензивната потрага продолжува понатаму.

Извор: Makfaks

Препорачуваме

Партнери на Правдико