Во Скопје за еден ден казнети 68 лица поради брзо возење | Правдико

Правдико

   

Во Скопје за еден ден казнети 68 лица поради брзо возење

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера на подрачјето Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и девет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а пет лесни телесни повреди.

68 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 25 возачи бидејќи 17 го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило, двајца биле возачи почетници и шест го управувале возилото под дејство на алкохол. 14 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 109 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со „пајак“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико