Правдико

   

Во Собранието денеска почнува комисиска расправа за предлог-буџетот за 2019

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Расправата по предлог-буџетот за 2019 година, почна денеска во матичната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот на економијата 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП).

Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година е проектиран на 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).Во предлoг-буџетот за 2019 година предвидена е реформа во Фондот за пензиско осигурување, односно намалување на вкупниот трансфер.

Нови 10 проценти повисоки плати се предвидени за лекарите специјалисти од јануари 2019 година, а нови пет проценти повисоки плати од септември 2019 година за сите вработени во јавното здравство. Пораст на платите од пет проценти се предвидени и за просветните работници, вработените во градинките и за јавната администрација.

За капиталните инвестици, кои секоја година се кратат со ребаланс, предвидени се 25,7 милијарди денари.

Согласно фискалната стратегија, јавниот долг за 2019 година ќе изнесува 54,2 проценти и ќе се финансира од домашниот и странскиот пазар на хартии од вредност, но не е планирано издавање на нова еврообврзница.

Се очекува, стапката на инфлација да е ниска и стабилна, а стапката на невработеност да се намали на околу 20 проценти.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико