Во Солун рочиште за екстрадиција на Грујевски и Бошковски | Правдико

Правдико

   

Во Солун рочиште за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Судот во Солун денеска треба да се одржи рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.

Минатото судско рочиште беше одложено поради отсуство на адвокат од адвокатскиот тим на Грујевски и на Бошковски. Двајцата се во притвор во близина на Солун. Ним им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта. Ова судење е одвоено од постапката за екстрадиција. Тоа досега беше двапати одложувано бидејќи Судот во Солун не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико