Во сообраќајна незгода во Словенија повредени осум мигранти, возачот уапсен
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Осум мигранти од Авганистан, возрасен маж и жена со шест деца, се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Словенија. Возачот на автомобилот, по потекло Хрват, е уапсен за шверцување луѓе.
Несреќата се случила пред три часот утрово на локалниот пат Подгорје-Кастелец кога 24-годишниот Хрват изгубил контролата над возилото по што автомобилот излетал од патот и се превртел.
Според податоците на словенечката полиција, во земјата оваа година досега влегле околу 5.000 бегалци и мигранти, од кои многумина преку новата балканска рута – од западна Босна, преку Хрватска, па јужна Словенија.
Извор: Макфакс