Во Србија недоволен број на нотари | Правдико

Правдико

   

Во Србија недоволен број на нотари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Економската положба на нотарите во Србија е многу сериозна, што е причина да во 29 општини не постои интерес во оваа дејност.

notari-srbija

Институцијата на нотарите во Србија постои нешто повеќе од една година. Формирањето на оваа институција беше регулирано со про-европска легислатива во областа на правосудството.

Страјко Јанјушич на својот син му ја препиша куќата. Договор за подарок заверен од страна на нотар, а тоа го чинеше околу 300 евра.

“Документите ги подготвив кај адвокат, тука доаѓам, услугата е добра, љубезни се, брзи се. Не се многу ни скапи”, вели Страјко.

Неговиот син Светозар мисли дека тоа сепак е поевтино во судот.

Нотарите велат дека цените на услугите се регулирани со закон. И од законска страна, тие се посигурни од судовите.

“Нотарите пред сѐ за секој свој направен нотарски акт, тие одговараат со личниот имот. Ова е ново и мислам дека сега за сега ниедна друга професија тука не одговара со личната сопственост”, вели нотар Јованка Јовановиќ.

Спорна висината на данокот

Нотарите во Србија се претприемачи и како такви се оданочуваат.

“Нотарите во Србија плаќаат ДДВ од 20 отсто. На преостанатиот износ на надоместокот, тие се обврзани да плаќаат на државата и данок од 30 отсто”, пишува Џорџ Костиќ, новинар за Ал Џезира.

Од Уставниот суд на Србија, нотарите побараа преиспитување на уставноста на данокот од 30 проценти. Во Нотарската комора велат дека е премногу висок данокот, особено за нотарите во мали заедници, кои имаат помалку работа. Затоа поради тоа се затвораат се повеќе нотарски канцеларии, и во тие места нивната работа ја преземаат судовите.

“Значи, сето ова укажува на тоа дека економската положба на нотарот е многу сериозна и е доведено во прашање постоењето на нотарството на целата територија на Србија. Тоа е зошто во 29 општини немаме нотари, нити пак има интерес за именување на нотар во тие општини”, вели Миодраг Ѓукановиќ, претседател на Нотарската комора.

А треба да има еден нотар на секои 25.000 граѓани.

Министерството за правда изјави дека данокот нема да биде укинат. Но, нотари, од друга страна, со изменување на закон, се обидуваат да добијат нови надлежности.

Препорачуваме

Партнери на Правдико