Во Србија се предлага воведување на правото на евтаназија | Правдико

Правдико

   

Во Србија се предлага воведување на правото на евтаназија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eutanasiaПраво на евтаназија, или, како што ја нарекуваат “убиство од милост” би можело да биде дозволено во Србија, така што таа би се применувала во исклучителни случаи и со согласност на лицето за доброволен прекин на живот или со согласност на семејството.

Нацрт Граѓанскиот законик (КЗ) на Србија, кој во јули 2016 година, ќе биде на јавна расправа, ја предвидува евтаназијата како “право на физичко лице на доброволно и достоинственено прекинување на животот, кое може да се оствари во исклучителни случаеви, ако се исполнуваат пропишаните човечки, психосоцијални и медицински услови. ”

“Условите и постапката за остварување на правото на евтаназија ќе се пропише со посебен закон”, се вели во нацртот на Г.З.

Во предложениот текст, исто така, се наведува дека злоупотребата на правото на евтаназија, за да се добие неоправдано материјална или друга корист, е основа за кривична одговорност.

Сепак, како алтернатива, нацрт законот остава на јавноста да одлучува дали овој член да остане или целосно да се избрише од финалната верзија на кодификацијата.

Евтаназијата во српското законодавство моментално се смета за кривично дело. Затоа, Комисијата изготвува нацрт Г.З., поради комплексноста на остварување на правото на евтаназија, кое има, правни и медицински, психолошки и социјални аспекти, и остава простор на јавна дебата да се коментира за алтернативен предлог врз основа на аргументите на експерти од различни области.

Исто така, конечно прифаќање на основен предлог – да се воведе правото на евтаназија, ќе доведе и соодветни измени во Кривичниот законик.

Препорачуваме

Партнери на Правдико