Правдико

   

Во Србија уапсени тројца Албанци со 39 килограми хероин

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

21122016092536_web_heroinСрпската полицијата вчера уапсила тројца Албанци што патувале со автомобил „нисан“ во кој пренесувале 39 килограми хероин.

Дрогата била откриена на граничниот премин Хоргос при обид Албанците да влезат во Унгарија. Била скриена во шасијата на автомобилот.

Уапсените Албанци биле роднински поврзани, со исто презиме. На уапсените им е одредена мерка притвор по што српските власти треба да одлучат дали ќе бидат екстрадирани во Албанија за да им се суди.

Пред три дена холандската полиција, во Ротердам, заплени 330 килограми кокаин, чија вредност се проценува на 10 милиони евра и уапси двајца Албанци.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико