Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба, на која присуствувале речиси 300 гости.
Како што информираат од МВР, прославата со која биле прекршени мерките против ширењето на коронавирусот ја организирале Д. И. (57) и А. И. (54) од Банско за нивниот син Е. И. (26).
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Извор: Макфакс