Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток | Правдико

Правдико

   

Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со дополнителната исплата се опфатени 3.872 корисници.

Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена во согласност со член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата.

Висината на додатокот за образование изнесува 714 денари месечно за ученик во основно образование и 1.020 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година од дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебна година од дете изнесува 12.240 дeнари.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи по 2.142 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование по завршување на секој од мерните периоди утврдени со овој закон.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико