Во тек е увид во Избирачкиот список за референдумот за „Казандол“ | Правдико

Правдико

   

Во тек е увид во Избирачкиот список за референдумот за „Казандол“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска во просториите на општина Богданци на јавен увид на граѓаните им е ставен избирачкиот список во пресрет на референдумот закажан за 11 јуни на кој жителите на општината ќе се изјаснуваат дали се „за“ или „против“ работењето на рудникот за бакар „Казандол“.

Претседателката на Општинската изборна комисија Богданци, Венера Зелева изјави дека увидот во Избирачкиот список ќе трае пет дена, односно заклучно со 20 мај до полноќ.

Одлуката за одржување на референдумот беше едногласно донесена од Советот на општина Богданци, кој е составен од претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-Народна партија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико