Правдико

Во текот на минатата недела изреченени дисциплински мерки за 14 полициски службеници

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrВо текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решенија против 14 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2 и 7  и член 207 став 1 и  точка 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, а надвајца вработени мерка – “запирање на постапката“. Станува збор за:

Полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полицаец во ПС ОН Чаир, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (потполнил формулар-службена белешка со невистинита содржина)

Полицаец во ПС за ГП и ГН Блато, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Личното вооружување го оставил необезбедено)

Инспектор за општ криминалитет во НК за КР Гевгелија СВР Струмица изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не излегол на лице место да изврши увид, по пријавена кражба на мотор)

Раководител на смена во ПС за ГП и ГН Блато, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (на работа со себе не носел лично вооружување)

Полицаец во ПС за ГП и ГН Блато, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (дозволил влез на малолетна албанска државјанка која не поседувала важечка патна исправа)

Полицаец за БПС во Одделение за БПС, СВР Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда)

Полицаец во ПС ОН Карпош, СВР Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда)

Партнери на Правдико