Во текот на минатата недела изреченени дисциплински мерки за 30 полициски службеници | Правдико

Правдико

   

Во текот на минатата недела изреченени дисциплински мерки за 30 полициски службеници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrВо текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30решенија против 30 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 4 и 7  и член 207 став 1 и  точки 2, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 23 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”, на четворица вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“, на еден вработен мерка – „распоредување едно ниво пониско“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“,  а станува збор за:

Полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец  (не го оддржувал чисто и подмачкано своето оружје);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец  (не го оддржувал чисто и подмачкано своето оружје);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец  (не го оддржувал чисто и подмачкано своето оружје);

Виш инспектор за општ криминалитет во Отсек за општ криминалитет, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (ненавремено преземал службени мерки и дејствија за расчистување на предметите со кои бил задолжен);

Раководител на смена во ПС за ГП и ГН Стезимир, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил затекнат како спие на работното место);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Стезимир, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил затекнат како спие на работното место);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Стезимир, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил затекнат како спие на работното место);

Полицаец во ПС од ОН Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не ги извршувал или несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски);

Полицаец во ПС од ОН Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Поттикнал друго лице на тепачка);

Водич на безбедносен реон во ПС од ОН Охрид, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не ги извршувал или несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски);

Главен дежурен во ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство);

Полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство);

Лидер на тим во Единица за прв одговор и интервенција-Алфа, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Несовесно ги извршувал работните задачи);

Помошник командир во ПС од ОН Демир Хисар, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Несовесно ги извршувал поставените работни задачи);

Водич на безбедносен реон во ПС од ОН Демир Хисар, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Невнимателно ракувал со личното вооружување);

Водич на безбедносен реон во ПО Камењане, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Неажурно и ненавремено ги водел интерните регистри);

Полицаец во ПС НФОО, Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел на работното место);

Полицаец во ПС НФОО, Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (при чистење на оружјето го заменил службениот пиштол);

Полицаец во ПС НФОО, Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (при чистење на оружјето го заменил службениот пиштол);

Виш инспектор во Одделение за превентивно обезбедување во Оддел за обезбедување , изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (учествувал во нарушување на јавен ред и мир);

Полицаец во ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Несовесно ги извршувал работните обврски);

Самостоен инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Кавадарци, СВР Велес, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Го злоупотребил боледувањето);

Полицаец за БПС во ПС ОН Македоски Брод СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (за стоен сообраќаен прекршок внел погрешна правна квалификација);

Полицаец во Единица за брзо распоредување, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Полицаец во ПС од ОН Неготино, СВР Велес, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Полицаец Единица за прв одговор и интервенција-Алфа, СВР Скопје, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Самостоен инспектор за економски криминалитет ОЕК, ОКП, СВР Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);

Приправник во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС, изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни дена);

Началник Одделение за полиција, СВР Битола, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Несовесно ги извршувал работните задачи);

Раководител на смена во ПС за ГП Ќафасан РЦ Запад, изречена му е мерка „ Распоредување еден степен пониско“ (Не евидентирал странски државјани во системот за контрола на патници);

Препорачуваме

Партнери на Правдико