Во текот на вчерашниот ден издадeни 1.842 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил | Правдико

Правдико

   

Во текот на вчерашниот ден издадeни 1.842 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 12.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.842 странски државјани, од кои 820 се од машки пол, 408 се од женски,  612 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

mvr

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.025,  Авганистан–577 и Ирак-240.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 12.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 22.518 странски државјани, од кои 9.505 се од машки пол, 4.802 се од женски, 8.129 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 82 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.912, Авганистан-8.246 и Ирак-4.357.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 12.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 12.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Партнери на Правдико