Во телефонот на Јанева пронајдени фотографии со 50 илјади евра на маса, САД помогнаа да се отклучи „ајфонот” | Правдико

Правдико

   

Во телефонот на Јанева пронајдени фотографии со 50 илјади евра на маса, САД помогнаа да се отклучи „ајфонот”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во телефонот на ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева се пронајдени истите фотографии од по 500 евра во купче или вкупно 50 илјади евра. Ова го соопшти обвинителката Ивана Трајчева во случајот „Рекет”.

За отклучување на телефонот на обвинетата Катица Јанева марка „ајфон“ кој беше пронајден кај девојката од нејзиниот син Лазар Јанев, обвинителката Вилма Русковска барала меѓународна правна помош од Министерството за правда на САД.

Обвинителството за организиран криминал и корупција барало од СЈО и лозинки од инкрептирани содржини на УСБ-стикови, кои беа одземени при претресот во канцеларијата на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева.

Судијката даде пауза од половина час, по што ќе продолжи изведувањето докази.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико