Во тензична атмосфера Арта Марку избрана за привремен јавен обвинител на Албанија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Во тензична атмосфера Арта Марку избрана за привремен јавен обвинител на Албанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во тензична атмосфера пред собранието во Тирана, албанскиот парламент само со гласовите на пратениците на социјалистите што се на власт ја избраа Арта Марку за јавен обвинител на Албанија. Марку има привремен мандат бидејќи набргу ќе се избере нов совет за избор на обвинител.

Изборот се одржа во тензична атмосфера бидејќи пред собранието илјадинци членови и симпатизери на опозицијата протестираат и се против овој начин на избор на јавен обвинител. Пратеникот од опозицијата, Сали Бериша, изјави дека овој начин на избор на јавен обвинител е голем срам за Албанија. „Ова е обвинител избран од политиката што е на власт, која е целосно корумпирана и е главен организатор на шверцот со дрога“, рече Бериша.

Претседателот на собранието, Грамос Ручи, изјави дека изборот на Марку е законски и тој е привремен. „Опозицијата не е таа што може да спречи избор на обвинител избран по законски пат“, рече Ручи.

Во меѓувреме пред собранието големиот број протестанти се обидоа да го разбијат кордонот на полицијата, но голем е бројот на полицајците што го обезбедуваат објектот на собранието.

К. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико