Правдико

   

Во Тетово и Гостивар уапсени четири лица поради поседување кокаин

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синоќа во Тетово и Гостивар, во два одделни полициски претреса, биле уапсени четири лица поради поседување кокаин.

Како што информираат од МВР, најпрвин околу 22 часот на гостиварската улица Злате Дамјановски полицајци уапсиле 37-годишник од Скопје и 46-годишен гостиварец поради тоа што кај нив бил пронајден кокаин.

Околу еден часот по полноќ, поради истиот прекршок, на улицата 29 Ноември, во Тетово, биле уапсени двајца тетовци на возраст од 48 и 34 години.

По целосно документирање на случаите, против уапсените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико