Правдико

   

Во товарно возило кај Неготино пронајдени 10 мигранти, возачот уапсен

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од полицијата велат дека вчера во 23.10 часот, на автопатот Гевгелија-Скопје, кај с. Прдејци, полициски службеници од дале знак за запирање на товарно возило „пежо боксер“ со радовишки регистарски ознаки.

Возилото не застанало на дадениот знак за запирање и продолжило со движење. Во 23.50 часот на влезот во Неготино по стариот пат, полициски службеници од полициската станица Неготино го сопреле возилото, при што биле пронајдени 10 мигранти (седум од Пакистан и три од Сирија). Возачот побегнал, но по кратко време бил фатен и совладан.

Се работи за А.А. (25) од Скопје, кој бил лишено од слобода, и заедно со мигрантите бил приведен во полициската станица Неготино.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико