Во турските затвори има преку 1.300 осомничени исламисти | Правдико

Правдико

   

Во турските затвори има преку 1.300 осомничени исламисти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вкупно 1.313 луѓе кои биле уапсени во Турција оваа година поради сомнение дека се поврзани со Исламската држава сеуште се во притвор, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

1047282527-776x420

Агенцијата Анадолија пренесува делови од соопштението во кое се вели дека оваа година биле приведени 3.359 луѓе поради сомнение дека се поврзани со терористите.

Министерството понатаму вели дека турските власти во периодот од 2011 до 2016 година уапсиле вкупно 7.015 луѓе, од кои 2.712 се странски државјани.

Меѓу уапсените странци има државјани на Сирија, Ирак, Кина, Азербејџан, Мароко, Узбекистан и Тунис, пренесув Sputnik.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико