Во Турција 11 лица осудени на доживотен затвор за обидот за преврат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Истанбул изрече доживотни затворски казни за 11 поранешни припадници на жандармеријата во Истанбул, кои се товарат за учество во обидот за воен удар пред три години, за чија организација официјална Анкара го сомничи имамот Фетулах Ѓулен.
Тие се осудени за членство во „терористичка организација“ и „обид за уривање на уставниот поредок во Турција“.
Фетулах Ѓулен се наоѓа во самонаметнат егзил во САД, а Турција постојано бара негова екстрадиција.
Извор: Радио Слободна Европа