Правдико

   

Во Турција издадени налози за апсење на 177 полицајци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството во Анкара наложи апсење на 177 полициски службеници во рамки на истрагата против организацијата на Фетулах Ѓулен која турските власти ја сметаат за терористичка, јави Си-Ен-Ен Турк.

Полициски екипи за борба со организиран криминал спроведуваат истовремени акции во 25 окрузи во земјата, меѓу кои и Анкара, Истанбул, Измир, Газијантеп и Конија.

Турската Влада ги обвинува приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој моментно живее во САД, за обидот за преврат во јули минатата година.

Досега, над 40.000 турски државјани се уапсени, а 90.000 се отпуштени од работа.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико