Правдико

   

Во Турција почна судењето за убиството на рускиот амбасадор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Турција почна судењето за 28 лица поради вмешаност во убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов, кој беше убиен пред три години.

Убиството го изврши полицаец кој не беше вечерта на должност, и тоа на изложба на слики во Анкара, на 19 декември во 2016 година. Убиецот потоа беше застрелан од страна на полицијата и почина на местото на настанот.

Турското обвинителство соопшти дека мрежата на Фетулах Ѓулен стои зад ова убиство, за кое тврдат дека целта била да ги загрози односите помеѓу Турција и Русија, пренесе АП.

Уапсени се девет лица, а на останатите, меѓу кои и Ѓулен, им се суди во отсуство.

Обвинителството бара доживотни казни за некои од обвинетите и минимум 15 години за останатите, наведе агенцијата и потсети дека Ѓулен негира вмешаност во убиството, но и во организирањето на воениот удар во Турција.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико