Во Турција притворени вкупно 50.136 лица за обидот за преврат | Правдико

Правдико

   

Во Турција притворени вкупно 50.136 лица за обидот за преврат

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вкупно 50.136 осомничени лица досега се притворени во рамки на огромната истрага, преземена по обидот за преврат во Турција, што беше изведен на 15 јули минатага година, соопшти весникот „Милиет“.

Турските власти ја обвинуваат терористичката организација (ФЕТО), на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, за организирање на обидот за преврат.

Според податоците на Министерството за правда, за десетте месеци истрага по обидот за преврат преземени се судски дејствија против вкупно 154. 694 лица, од кои 50.136 сега се наоѓаат во притвор.

Меѓу притворените има 2. 431 судии и обвинители, 104 службеници на Касацискиот суд, 41 службеници на Државниот совет (Високиот административен суд), двајца членови на Уставниот суд, тројца членови на Високиот совет на судии и обвинители, 6.982 воени лица, меѓу кои 167 генерали, 8.816 полицајци, 23 валии, 72 заменици валии, 112 околиски управници, 32.550 државни службеници и цивили.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико