Во Турција приведени 245 осомничени припадници на ИД | Правдико

Правдико

   

Во Турција приведени 245 осомничени припадници на ИД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските безбедносни сили во март привеле 245 лица осомничени за поврзаност со Исламска држава и спречиле неколку терористички напади, објави турската новинска агенција Анадолија.

Помеѓу приведените има и странски државјани. Дел од приведените се во притвор, други се протерани, а за останатите се уште се води истрага.

Во операцијата на турските безбедносни сили одземени се документи, оружје и муниција.

Во терористичките напади преземени од ИД во Турција до сега загинале најмалку 319 лица.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико