Во Турција уапсен најбараниот австралиски терористи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турските власти го уапсија најбараниот терорист во Австралија, милитант на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Нил Пракаш, соопштија во петокот извори од правосудните органи на Австралија и Турција.
Апсењето било изведено пред неколку седмици, откако властите во Анкара добиле од австралиските власти разузнавачки информации дека Нил Пракаш планира патување во Турција. Според изворите во двете земји на австралиската телевизиска мрежа ABC News, голем број земји, меѓу кои и Австралија и Израел, се заинтересирани да го испрашаат, а со турските власти во моментов водат преговори за екстрадиција на обвинетиот за тероризам.
Австралиската влада, меѓутоа, сé уште официјално не го потврдува апсењето на Пракаш, и нејзините официјални претставници се воздржале од коментар за телевизијата во врска со случајот.
Пракаш се смета за највисоко рангираниот регрутер на Исламската држава во Австралија и е осомничен дека е вмешан во подготовка на терористички напади, од кој еден требало да биде извршен на 25-ти април минатата година, на денот на националниот празник во чест на австралиските воени ветерани.
Пред да ги прифати идеите на радикалниот ислам и да ѝ се приклучи на Исламската држава, 24-годишниот Пракаш бил рап музичар во австралиската метропола Мелбурн. Во мај годинава американските власти соопштија дека го ликвидирале австралискиот милитант. Се претпоставуваше дека терористот и неговата сестра биле ликвидирани во бомбардирање на ирачкиот град Мосул 29-ти април.
Извор: Макфакс