Правдико

   

Во Турција запленети 615 килограми коакин скриен во банани

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во операција спроведена во јужната провинција Мерсин, соопшти турското Обвинителство.

Во заедничката операција со безбедносните сили од јужната провинција Хатај, тимовите за борба против недозволеното производство и трговија со дрога пребарале контејнер во пристаништето Мерсин во кој, според декларацијата, се наоѓале само банани од Еквадор.

Меѓутоа, откриени се и 530 пакети кокаин, се наведува во соопштението и се додава дека во операцијата се уапсени и четири лица.

Извор:Радио слободна Европа

Партнери на Правдико