Во угостителски објект во Куманово затекнати 49 лица без маски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Угостителски објект во Куманово е затворен откако полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при контрола затекнале 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема.
На 25.2.2021 година во 17:22 час во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул. Гоце Делчев има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Макфакс