Во Украина прогласена уште една „Луганска Народна Република“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.„Приврзаници на федерализацијата на Украина“ во источниот град Луганск синоќа прогласија создавање на „Луганска Народна Република“.
Демонстрантите за време на митингот поставиле ултиматум до властите во Киев со кој бараат амнестија за сите учесници во протестите во јужните и источните делови на Украина, признавање на рускиот јазик за официјален државен јазик и спроведување на референдум за самоопределување на регионот.
Ако до 29 април овие барање не бидат исполнети, проруските сепаратисти се заканија дека ќе преминат кон активни дејствија.
Пред неколку дена во Луганск беше формиран заеднички штаб за југоисточна Украина, што ги координира активностите на штабовите во другите регионои.
Извор: Утрински