Во Украина убиени четворица војници | Правдико

Правдико

   

Во Украина убиени четворица војници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четворица украински војници се убиени вчера на истокот на Украина, каде секојдневно се прекршува примирјето што стапи на сила во средината на февруари, соопшти полицијата во регионот Луганск.

rusija

„Бунтовниците испукале противтенковски проектили во моментот кога преку еден мост поминувало возило со војници во Чачастиј, место кое е под контрола на украинската влада и кое се наоѓа на околу 15 километри од сепаратистичкото седиште Луганск“, навела украинската полиција.

Во нападот, кој се случил околу 10 часот по локално време, убиени се четворица припадници на 92. Бригада на украинската војска.

Портпаролот на украинската војска, Андри Лисенко, вчера објави дека три украински војници се убиени во последните 24 часа во експлозија на мина во близина на Авдивка, град кој е под контрола на владејачките сили и кој се наоѓа во близина на урнатините од аеродромот во Доњецк, кој е во рацете на бунтовниците од јануари.

Новото примирје на истокот на Украина стапи на сила на 15 февруари, по потпишувањето на вториот договор од Минск, на 12 февруари, со посредство на францускиот претседател Франсоа Оланд и на германската канцеларка Ангела Меркел, а во присуство на рускиот претседател Владимир Путин.

Во конфликтот на истокот на Украина за една година загинаа повеке од 6.000 луѓе.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико