Во Венецуела запленет тон кокакин, уапсени Црногорци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На бродот „Арес“ во водите на Венецуела зепленет е еден тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска Управата на полицијата на Црна Гора, а пренесува порталот ЦДМ.
Од Управата истакнуваат дека станува збор за повеќемесечна меѓународна акција која ја иницирала црногорската полиција во соработка со холандската, британската и српската полиција.
Порталот, покрај фотографијата на бродот, ја пренесува и информацијата на полициската Управа дадена на Твитер дека се запленети еден тон кокаин и дека во акцијата се уапсени црногорски државјани.
Извор: Макфакс