Во вонредни услови заврши учебната година, Адеми посака учениците да се вратат во клупите од септември | Правдико

Правдико

   

Во вонредни услови заврши учебната година, Адеми посака учениците да се вратат во клупите од септември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првпат во вонредни околности заврши учебната година, во која три месеци наставата се одржуваше онлајн поради опасноста од ширење на Ковид-19.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, изрази желба учениците да се вратат на училиште од 1 септември.

Адеми преку социјалните мрежи им честитата на учениците за постигнатите успеси.

„Драги ученици, би посакал оваа учебна година, како претходните години, да ја завршевте во училишните клупи, насмеани заедно со вашите другари и другарки! Сепак, понекогаш работите не одат како што сакаме ние. И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта“, напиша Адеми на социјалните мрежи.

Учебната година денеска заврши за 270.000 основци и средношколци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико