Во возило пронајдени и одземени 800 грама марихуана, поднесени две кривични пријави | Правдико

Правдико

   

Во возило пронајдени и одземени 800 грама марихуана, поднесени две кривични пријави

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривичнa пријавa против две лица од Охрид поради сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Пред неколку дена на локалниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Уларци, како што соопшти полицијата, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот и второпријавениот како сопатник, биле пронајдени и одземени 800 грама марихуана.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико