Водечки трговец на уметнчки дела ослободен од обвинение за затајување данок | Правдико

Правдико

   

Водечки трговец на уметнчки дела ослободен од обвинение за затајување данок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Патријарх на меѓународна династија што се занимава со трговија на уметнички дела беше ослободен од обвинение за прикривање слики и имот од француските даночни органи.

Гај Вилдестајн и уште седум други лица беа обвинети за обид да сокријат средства или имот вреден милиони евра.

Претседавачкиот судија во судот во Париз рече дека постои “јасен обид” за прикривање. Но сепак, тој ги ослободи сите обвинети поради недостатоци во истрагата и во француските закони за даночна измама.

Гај Вилдестејн во едно од ретките интервјуа пред три месеци негираше дека сторил нешто лошо и рече се надева дека нема да биде “жртвено јагне”.

Богатството на семејството Вилдестејн вклучува познати слики, имот на Карибите, спортски коњи, и ранч во Кенија.

Степенот на тајност на податиците за семејниот имот за прв пат беше откриен во доцните 1990-ти за време на доста конфузна постапка за развод помеѓу братот на Гај, Алек и неговата тогашна сопруга Џоселин.

Десет години подоцна, во 2008 година, по смртта на Алек, Гај прогласи наследство од 57 милиони евра (61 милион долари).

Но честите тврдења од страна на жени кои во меѓувреме се венчале во семејството ги натераа иследниците да ги прочешлаат финансиите на Вилденстејн во 2010 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико