Водич низ законот за здруженија и фондации | Правдико

Правдико

   

Водич низ законот за здруженија и фондации

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vodicЗаконот за здруженија и фондации е донесен на 16.04.2010, а стапи на сила на 24.04.2010. Со неговото стапување во сила престана да важи Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник број 31/98 и 29/2007). Дебатата за донесување на нов закон кој ќе ја регулира оваа област започна многу порано, во 2006 година, а за интензивираше во 2008, 2009 и 2010. Законот од 1998 година беше „козметички“ изменет во 2007 година, главно со измени кои се однесуваа на улогата и процедурите во Централен Регистар, без суштински измени.

Веќе во 2008 беше јасно дека Законот за здруженија на граѓани и фондации беше надминат и не нудеше решенија кои беа во тек со развојот на здруженијата и фондациите. Пред да се изготви законот беа одржани серија на јавни расправи на кои учествуваа и граѓанските организации, но само поголемите.

Помалите и организациите кои доаѓаа надвор од Скопје и кои се претежно активистички организирани не беа вклучени во поширока дебата. Тоа на крајот резултираше со одредби од законот кои се неповолни за помалите организации. Предлог законот кој го изготви Министерството за правда ги задоволуваше најголем број од организациите кои учествуваа во работната група, како и европските стандарди од областа, но во собраниска процедура влезе верзија која не беше дискутирана и усвоена од мнозинството на организации и со решенија кои можат да предизвикаат несогласување при примената и различни толкувања.

Низ текстот на законот ќе се задржиме на некои согледувања и можни пречки при спроведување на законот. Иако помина повеќе од една година од неговото усвојување голем дел од подзаконските акти не се донесени, а одредбите кои требаше да профункционираат во рок од 3/6 месеци од донесување на законот сеуште не се донесени. Како и да е, поради „истекот на важноста“ на поранешниот закон за здруженија на граѓани и фондации позитивно е што се донесе нов закон. Аномалиите кои сега се појавуваат во неговата имплементација се должат на објективни (предвремените избори) и субјективни (неажурноста и незаинтересираноста на одредени државни институции, како Министерство за правда и Централен регистар) причини. Дел од нив ќе бидат поправени со донесувањето на подзаконските акти, а за дел веројатно ќе треба да бидат подобрени со амандмани.

Водичот можете да го превземите ТУКА

Обрасците за регистрација можете да ги најдете во базата на ОБРАСЦИ

Партнери на Правдико