Водич за бранители ангажирани по службена должност во кривична постапка | Правдико

Правдико

   

Водич за бранители ангажирани по службена должност во кривична постапка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оваа брошура е наменета за бранителите ангажирани по службена должност за правата на осомничените/обвинетите со цел ним да им се даде увид и можност на едно место да се запознаат со одредбите во Законот за кривична постапка (ЗКП) и правата на осомничените/обвинетите за времетраење на кривичната постапка во услови кога тие не можат да си дозволат бранител, па судот им доделува бранител/адвокат по службена должност.

Правата на осомничените/обвинетите во кривична постапка се загарантирани и со Уставот на РСМ, кој во член 13 децидно истакнува дека секој е невин додека не се докаже спротивното или презумција на невиност. Меѓутоа, правата на осомничените/обвинетите поблиску се уредени со Европската конвенција за човекови права и слободи, што во член 6, „Право на правична судска постапка“, предвидува дека секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико