Водич за јавна понуда на хартии од вредност | Правдико

Правдико

   

Водич за јавна понуда на хартии од вредност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Јавната понуда на хартии од вредност е јавен повик за запишување и купување на хартии од вредност објавен во средствата за јавно информирање. Првата јавна понуда на хартии од вредност објавена од акционерско друштво или јавна понуда објавена при преобразба на друштво со ограничена одговорност и друштво со ограничена одговорност од едно лице во акционерско друштво е иницијална јавна понуда (IPO). Во Република Македонија постапката за издавање на хартии од вредност е регулирана со Законот за хартии од вредност и подзаконските акти донесени од Комисијата за хартии од вредност.

Во случаите кога некое друштво преку јавна понуда изврши успешна продажба на хартии од вредност, истото друштво станува друштво со посебни обврски за известување кон Комисијата за хартии од вредност. Овој Водич има за цел генерално да ја објасни целокупната постапка за издавање на сопственички хартии од вредност (акции) по пат на јавна понуда и постапката за нивна котација на берза. Во Водичот се опфатени и опишани вообичаените постапки што се применуваат при издавање на хартии од вредност во меѓународната пракса, при што истовремено се издвоени деловите кои се карактеристични и се застапени во моменталната домашна правна рамка.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико