Водич за основи за дискриминација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Водичот за основи за дискриминација (Водичот) претставува систематизирано и аналитичко разгледување на основите за дискриминација преку преглед на постојните дефиниции (и нивните составни елементи) дадени во меѓународното и домашното право, меѓународната и домашната практика на судовите и телата, како и во академската и сивата литература.
Тој го појаснува нивното значење, опсегот, еволутивниот пат, отворените прашања и дискусии за значењето и опсегот на истите, и дава примери од практиката за дискриминација на определена основа, а со цел да им помогне на практичарите (пред сѐ на правните практичари) во разбирањето, толкувањето и применувањето на истите.
Основите разработени во овој Водич се оние кои се содржани во членот 3 на Законот за пречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД). Тоа се: пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор.
Целото издание можете да го превземете ТУКА