Водич за примена на Законот за управни спорови | Правдико

Правдико

   

Водич за примена на Законот за управни спорови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овој водич е алатка наменета за практична примена на новиот Закон за управни спорови. Воведот ги опфаќа уставните и законските рамки на управното судство и обврската за примена на европската пракса. Правото на правично судење содржано во членот 6 од Европската конвенцијата за заштита на човековите права и потребата ранливите категории да имаат пристап до судот и бесплатна правна помош ми претставуваа предизвик да се зафатам со пишување на овој водич како неопходна потреба укажана од предметите против Република Северна Македонија што Европскиот суд за човекови права2 ги разгледувал низ призмата на оваа проблематика.

Преку клучните нови законски одредби се коментираат основните белези на новиот редефиниран управен спор. За илустрација, се користат правосилни одлуки на Управниот и Вишиот управен суд коишто се одлучени врз основа на стариот Закон за управни спорови, но соодветствуваат на посочените нови законски одредби. Сето ова од причини што на почетокот од примената на новиот Закон за управни спорови сѐ уште нема доволно одлуки за дефинирање на судската пракса. Целта на законот е да се обезбеди навремена и ефикасна административна правда, а пак со водичот да се олесни примената на законот за ранливите категории на граѓани, со координирана бесплатна правна помош, за да ги остварат своите права. Од друга страна, цел е
и вклучување на сите учесници и зајакнување на меѓусебната институционална соработка на јавните органи за правилно да се утврди фактичката состојба помеѓу засегнатите страни.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико