Водич за учеството на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки претставува елемент кој е од суштинско значење за локалната демократија. Овој елемент доведува до зголемена транспарентност но воедно и прави локалните владини функционери да бидат поодговорни во донесувањето на одлуките. Се работи за постојан процес кој го покрива периодот помеѓу два избори и при кој се врши двонасочно споделување на информации за локалните политики и локалната власт: граѓаните се обраќаат до локалната власт со прашањата кои ги засегаат, а локалната власт ги информира граѓаните за спроведувањето на локалните политики.
Еден од најделотворните механизми за зголемување на учеството и вклученоста на граѓаните во процесот на управување и за подобрување на стабилноста и безбедноста на заедниците е токму децентрализацијата. Децентрализацијата претставува процес за кој е потребно одржливо и организирано залагање на институциите вклучени на локално и централно ниво. Овој процес повлекува и постојано прилагодување на односите помеѓу разните учесници по пат на постојан дијалог и комуникација.
Целото издание можете да го превземете ТУКА