Водич за вашите права на пензија | Правдико

Правдико

   

Водич за вашите права на пензија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

screenshot_3 (1)Пензиските системи играат важна улога во обезбедувањето сигурност на приходите во случај на различни ризици што имаат влијание врз работниците и нивните семејства.
Во 2006 година,  Република Македонија спроведе структурна реформа во својот пензиски систем со воведување на задолжителен приватен пензиски систем. Шест години по оваа позначајна структурна реформа, пензиската реформа повторно стана приоритетно прашање за земјата.Во моментот, пензиските системи во Централна и Источна Европа, вклучувајќи ја и  Република Македонија, се соочуваат со притисокот од краткорочно консолидирање како последица на буџетските ограничувања што резултираат од глобалната економска криза.

Понатаму, стареењето на населението претставува структурален предизвик за нивната долгорочна финансиска одржливост. Справувајќи се со овие предизвици на краток и долг рок, земјите од Централна и Источна Европа спроведуваат – или ја разгледуваат опцијата за спроведување – на дополнителни пензиски реформи.

Социјалните партнери – организациите на работодавачи и на работници – играат суштинска улога во спроведувањето на пензиското законодавство и во осигурување-то ефикасна администрација на пензискиот систем. Со цел да имаат поактивна улога во обезбедувањето на добро управување со пензискиот систем, сите работници и работодавачи треба да бидат целосно информирани за постоечките пензиски одреди. Овој водич има цел да обезбеди основни информации за обврските и правата што произлегуваат од пензискиот систем. Не станува збор за сеопфатен водич,
туку за водич приспособен кон потребите на работниците и работодавачите преку нетехнички и разбирливи објаснувања за постоечкото законодавство, со употреба на голем број конкретни примери.

Целиот водич можете да го превземите ТУКА

Извор: http://www.orm.org.mk

Партнери на Правдико