Водич за заштита на личните податоци | Правдико

Правдико

   

Водич за заштита на личните податоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заштитата на податоците е дел од државната политика за гарантирање на приватноста и безбедноста на поединците. Тоа е комплексен систем на права, обврски и овластувања што ги спроведуваат трите главни играчи: поединците ( лицата на кои им припаѓаат личните податоци), контролорите на податоците (телата, институциите, ентитетите или лицата кои обработуваат лични податоци во текот на нивните секојдневни активности и чии вработени имаат пристап до таквите податоци) и надзорните органи (јавните институции кои ја контролираат обработката на лични податоци и изрекување санкции во случај на прекршување на правилата за заштита на личните податоци).

Правната рамка за заштита на личните податоци во светот ги воспоставува сопствените специфични правни концепти и идеи чие познавање е неопходен предуслов за правилно разбирање и правилна примена на задолжителните правила и во оваа област. Овој Водич за заштита на личните податоци има за цел да обезбеди основни информации и подигнување на свеста за знаење поврзано со заштитата на податоците со цел да им се олесни на контролорите на податоци, обработувачите на податоци и нивните вработени во процесот на ракување со лични податоци и оттаму обезбедување на нивна соодветна заштита.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико