Правдико

   

Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат илегален влез на мигранти во земјата. Еден од мигрантите е уапсен, а другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.

Според АРМ, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија-село Моин, во реонот на живинарската фарма, било забележано движење на група луѓе што нелегално ја поминале граничната линија.

„Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации, од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздухот по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, а еден од нив, кој застанал, е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка“, објаснуваат од АРМ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико