Правдико

   

Вонреден состанок на членките на НАТО поради кризата на турско-сириската граница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите 28 членки на Северноатланската алијанса (НАТО) ќе одржат вонреден состанок на кој ќе се дискутира за воената кампања на Турција насочена против Исламска држава (ИД) и курдските милитанти, јавуваат медиумите.

84413158_84413157

Состанокот е на барање на Турција, чија политика во однос на сирискиот конфликт изминативе десетина дена доживеа драматичен пресврт.

Претходно колебливиот партнер на коалицијата предводена од САД, во моментов спроведува воздушни напади на позициите на ИД.

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, изјавил дека очекува од сојузниците да покажат солидарност и да ја поддржат воената кампања.

Како што јавува „Би-Би-Си“, аналитичарите сметаат дека причината за промена на односот на Турција кон конфликтот во Сирија лежи во планот кој сè уште не се објавува официјално, за формирање на „слободна зона“ по должнината на турско-сириската граница во соработка со САД. Тоа ќе ѝ овозможи на Анкара да ги бомбардира позициите на ИД, а истовремено ќе може да ги напаѓа и милитантите на курдската работничка партија (ПКК).

Според Турција, не постои разлика меѓу ПКК и ИД бидејќи и двете се терористички организации.

Во серијата прекугранични напади, кои Турција ги спроведува од петокот минатата недела, покрај ИД, цел се и курдските борци што се борат против милитантите на ИД во Сирија и во Ирак.

Во меѓувреме, турската полиција продолжува со апсењата на осомничени членови на ИД, ПКК и на левичарските групи во земјата, каде досега се уапсени повеќе од 1.000 лица.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико