Вонредната состојба во Турција продолжена за три месеци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Tурскиот парламент ја продолжи за три месеци вонредната состојба која е воведена во земјата по обидот за државен удар на 15 јули минатата година.
Како што е соопштено од страна на Ројтерс, вонредната состојба им овозможува на владата да се заобиколи парламентот во донесувањето на нови закони, како и да се ограничат или суспендираат правата и слободите, ако смета дека е потребно.
Според АФП, според последните податоци објавени од страна на државната новинска агенција Анадолија, во текот на истрагата на пучистите биле уапсени повеќе од 41.000 лица, под сомнение за врски со имамот Фетулах Ѓулен.
Турските власти го обвинија Ѓулен, кој живее во САД дека стои зад обидот за државен удар.