Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент.
Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоменална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент.
Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата.
Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на специјалните сили.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје за „Мета“ велат дека ги проверуваат информациите и повеќе детали најавуваат за подоцна.
Извор: Мета